Пак вклучен алармот во ПСЖ: Дембеле ја обновил повредата
„Ме боли тетивата, многу ме боли“, објавија медиумите како Дембеле му се обраќа на својот соиграч Ашраф Хакими додека ПСЖ ја славеше својата драматична победа над Ница во саботата навечер.
Според RMC Sport, освојувачот на Златната топка почувствувал болки во истата област минатата среда за време на првенствениот натпревар против Лориен. Поради тоа, Луис Енрике одлучи да не го вклучи во почетниот состав против Ница, нп го стави во игра во 74. минута на местото на Зер Емери. Иако „светците“ успеаја да победат со голот на Гонзало Рамос во 90. минута, се чини дека францускиот крилен напаѓач ја обновил повредата поради која отсуствуваше еден месец оваа сезона.
Распоредот на ПСЖ е немилосрден. Пред репрезентативната пауза, тимот се соочува со два исклучително тешки ривали. Следниот викенд игра против Лион, еден од конкурентите за титулата во Лига 1, а најголемиот тест доаѓа утре против Баерн Минхен во еден од клучните натпревари во главната фаза од Лигата на шампионите.
Претходното отсуство на Дембеле не се одрази на резултатите на екипата бидејќи ПСЖ не само што имаше максимален ефект, туку без него и без уште тројца клучни фудбалери ја победи Барселона со 2-1 на Камп Ноу.