Гвардиола: Судиите нѐ крадат веќе десет години!
Имено, во првото полувреме од оваа средба видовме ситуација во која Манчестер сити не доби пенал откако фудбалер на Бормут играше со рака во шеснаесетникот.
Стратегот на тимот од „Етихад“ по дуелот истакна дека неговиот тим со судиите има проблеми уште од моментот кога тој пристигнал.
„Во клубот сум десет години и добро се познаваме со сите. Задоволен сум од она што го постигнав со Сити. Разговарав со судиите по натпреварот, но не добив одговор. Десет години го прават истото“, изјави Пеп.
По овој триумф Манчестер сити дојде до 19 бода со кои се наоѓа на втората позиција на табелата со шест бода помалку од Арсенал.