Барса и Реал си заминуваат - почнува распадот на Евролигата?
Двата клуба се поблиску од кога било до одлуката за преселба во ФИБА натпреварувањата, што е само првиот чекор кон приклучување кон лигата што НБА ќе ја воспостави во Европа, најверојатно во 2027 година. Во моментов се врши голем притисок врз нив, прво од НБА лигата да се префрлат на нивната лига, како и Евролигата која инсистира Реал и Барса да потпишат долгорочни договори, што би ги обврзало на соработка. Рокот до кој овие два шпански гиганти треба да ја објават својата одлука е декември.
Нивниот пат би можел да го следи и Фенербахче чиј неговиот статус е исто така неизвесен, додека првиот клуб што ќе ја напушти Евролигата и тоа на крајот од оваа сезона е францускиот клуб Асвел кој ќе се пресели во Лигата на шампионите на ФИБА.