Мареј постигна 43 поени, трет трипл дабл на Јокиќ во третиот натпревар (ВИДЕО)

Џамал Мареј постигна 43 поени (16/29 од игра), од кои 23 во третата четвртина од натпреварот, а Никола Јокиќ го запиша својот трет трипл дабл во третиот натпревар од сезоната за Денвер Нагетс.

Нивниот тим ги како гостин ја победи Минесота со 127-114 и сега има биланс 2/1. Јокиќ го заврши натпреварот со 25 поени, 19 скока и 10 асистенции со безмалку совршен шут: 9/10 од игра и 7/7 од линијата за слободни фрлања. Имаше и три изгубени топки, но и две освоени и една блокада.

Со ова, тој стана само третиот играч во историјата на НБА што постигнал трипл дабл во првите три натпревари. До него дојде по асистенцијата за забивањето на Вотсон на 98 секунди пред крајот, а им се придружи се на Оскар Робертсон и Расел Вестбрук како единствени играчи во историјата на НБА што отвориле сезона со три последователни трипл дабл ефекти. Јокиќ, трикратен МВП во лигата, моментално има просек од 17,5 поени, 13,5 скока и 12,5 асистенции по натпревар.

Тим Хардавеј Џуниор додаде 20 поени од клупата во победата на Нагетс. Џејден Мекдениелс ја предводеше Минесота со 25 поени, Џулиус Рендл постигна 24 поени, а Наз Рид заврши со 18 поени.

РЕЗУЛТАТИ
Детроит - Кливленд 95-116
Филаделфија - Орландо 136-124
Чикаго - Атланта 128-123
Хјустон - Бруклин 137-109
Њу Орлеанс - Бостон 90-122
Сан Антонио - Торонто 121-103
Далас - Оклахома 94-101
Јута - Феникс 138-134
Минесота - Денвер - 114-127
Голден Стејт - Мемфис 131-118
ЛА Лејкерс - Портланд 108-122