Стравичен судир во Сепанг - мотоциклисти со хеликоптер префрлени во болница (ВИДЕО)

Возачите од Мото3-категоријата, Хозе Антонио Руеда и Ноа Детвајлер, беа итно пренесени со хеликоптер во болница по тешкиот судар што се случи за време на загревачкиот круг пред почетокот на Големата награда на Малезија.

Инцидентот се случил на излезот од третиот свиок на патеката „Сепанг“, кога новиот светски шампион Руеда, возејќи со поголема брзина и со спуштена глава, не успеа навреме да го забележи многу побавниот швајцарски возач Детвајлер, кој најверојатно имал технички проблем со својот мотор. При силниот удар, Шпанецот се заби директно во задниот дел од моторот на Детвајлер, кој по ударот останал да лежи неподвижно на патеката.

Организаторите веднаш го активирале медицинскиот протокол. Руеда бил префрлен во медицинскиот центар на патеката, а на Детвајлер му била укажана помош на самото место. Според првичните информации, двајцата возачи биле свесни во моментот на укажување на помошта. По околу половина час, двајцата одвоено биле транспортирани со хеликоптер во локална болница. Засега нема официјални информации за нивната состојба, но се стравува дека Детвајлер има потешки повреди.

Видеото од инцидентот може да го погледнете ТУКА.