Валенсија ја доби драмата во Милано, Жалгирис ја изненади Барселона

Кошаркарите на Валенсија по голема драма беа подобри од Милано со 103-100, додека Барселона загуби од Жалгирис со 73-88 во шестото коло од Евролигата.

Валенсија беше подобра од Милано во првата четвртина со 24-18, а предноста продолжи да расте до +17 (46-29), но домаќинот до полувреме намали на 48-54.

Шпанскиот тим блесна и во третата четвртина кога стигна до +22 (79-57), но Милано го засили темпото и во последните 10 минути израмни на 100-100. Сепак, Валенсија со тројка во последните секунди ја обезбеди победата.

Најефикасен во победничкиот тим беше Монтеро со 18 поени, три скокови и три асистенции, додека Болмаро запиша 31 поен, четири скокови и три асистенции.

Жалгирис непријатно ја изненади Барселона уште на стартот, па првото полувреме го доби со 52-39, додека до крајот на мечот продолжи да ја зголемува предност до 88-73.

Најефикасен кај Жалгирис беше Ло со 20 поени, три скокови и пет асистенции, додека Пара постигна 17 поени, три скока и една асистенција за Барселона.