Стигна официјална потврда, Бенитез ќе биде тренер на балкански тим!
Веќе некое време имаше гласини дека Бенитез ќе биде нов тренер на зелените, сепак од таму постојано го демантираа тоа.
Сега работата е завршена и Рафа Бенитез и официјално е потврден за нов тренер на Панатинаикос.
Рафа Бенитез својата најголема промоција ја имаше во Валенсија со која двапати ја освои Ла Лига и еднаш УЕФА Купот. Потоа го презеде кормилото на Ливерпул со кој ја освои Лигата на шампионите и еднаш играше во финале на ова натпреварување. Со Челси ја освои Лига Европа, а беше тренер и на Интер, Наполи и Њукасл. Последен негова ангажман беше екипата на Селта која ја водеше во текот на сезоната 2023/24.