Тажно: Еден од најстарите клубови во светот е пред банкрот
Имено, клубот се соочува со огромна финансиска криза поради што му беа одземени 12 бодови. Шефилд и онака беше последен на табелата, а сега заостанува дури 13 бода зад најблискиот конкурент Блекбурн.
Нестабилноста на клубот под водсво на контроверзниот бизнисмен, Дејфон Чаншири трае вее подолго време, а во изминатите години исто така неколку пати беше на работ да биде казнет со забрана за трансфери. Во сезоната 2020/2021 им беа одземени шест бода поради кршење на финансискиот фер-плеј.
Фудбалската лига во Англија претходно го обвини Чаншири за кршење на обврските кон вработените, вклучувајќи доцнање со исплата на плати кон фудбалерите.
Инаку, Шефилд зад себе има огромна историја долга повеќе од 150 години.