Охрид го прегази Куманово со 20 разлика за шести триумф во Суперлигата
Претпоследниот тим на табелата немаше никакви шансс против амбициозниот Охрид кој победата ја најави на самиот старт отворајќи го натпреварот со 10-0. Дури тогаш гостите го постигнаа првиот гол во натпреварот, а на пауза домаќините заминаа со водсво од 18-6.
Ништо не се промени ниту во второто полувреме во кое охриѓани продолжија да доминираат за на крајот да слават со 20 голови разлика.
На табелата во овој момент Охирд е четврти со 13 бода, додека Куманово со само два е претпоследен, единствено Радовиш кој е без бодови е зад нив.