Чаби Алонсо има желба од 100 милиони евра!
Кенан Јилдиз важи за еден од најдобрите млади фудбалери во Европа, го привлекува вниманието на многу клубови, а како што вели агентот Џовани Бранкини, Чаби Алонсо како приоритет има поставено ангажман на Турчинот.
„Чаби Алонсо го сака Јилдиз во Реал Мадрид. Чаби е подготвен да се ослободи од сите, освен од Мбапе, за да го ангажира. Јувентус во моментов бара околу 100 милиони евра“, вели Џовани Бранкини.
Алонсо добро го познава Кенан Јилдиз уште од времето кога двајцата беа дел од Баерн Минхен.
„Јалдиз фантастично се разви. Го познавам, беше во Баерн Минхен кога јас играв таму. Кога гледам каков прогрес направи, тоа ме прави многу среќен“, рече тренерот на Реал Мадрид пред пресметката против Јувентус во Лигата на шампиони.