Пуштени во продажба билетите за гостувањето на Македонија во Кардиф
Според правилата на УЕФА за македонските навивачи обезбедени се близу 1500 билети во секторот за гостински навивачи, а цената која ја одредуваат Велшаните изнесува 2800 денари.
Билeти може да се купуваат преку eticket.ffm.mk. За Целата постапка за начинот на купување и добивање на билетите за натпреварот можете да се информирате - ТУКА.
Македонија против Велс ќе игра за второто место во групата кое обезбедува подобра позиција за баражот, а доколку претходно Велс не слави поубедлива победа над Лихтенштајн (над шест гола разлика) нас во тој дуел ќе ни биде доволно и реми.