Фудбалерките поразени од Русија на првата контролка во Струмица (ВИДЕО)
Русинките натпреварот кој се играше во Струмица го отворија уште во десеттата минута кога погоди Јукулјаева, додека конечниот резултат го постави Залмиева во завршницата од средбата.
Вториот контролен натпревар е закажан за три дена исто така во Струмица.
Денеска претходно против Русија играше и селекцијата до 19 години и во тој натпревар победата ја однесоа гостинските фудбалерки со 2-1. Сергеева и Каморина погодуваа за Русија, додека единствениот гол за Македонија беше дело на Накова.