„Погледнете се во огледало и прашајте зошто не давате голови“
Рома е во лоша форма, синоќа го доживеа третиот пораз во последните четири натпревари. Сите три загубени меча им се на Олимпико. Тие беа голем фаворит против Викторија Плзен, но загубија со 1-2. Единствениот гол го даде Дибала од пенал.
„Точно е дека се мачиме во финишот од акциите. Има многу фудбалери кои веќе долго време не дале гол, па треба да се погледнат во огледало и да се запрашаат зошто е тоа така. Јасно е дека имаме проблем, доколку не го дадовме пеналот, тогаш повторно немаше да дадеме гол иако најголемиот дел од мечот се играше во нивната третина“, рече тренерот Гасперини.
Контроверзен беше потегот на Гасперини да го повлече 20-годишниот Зиолковски од игра по само 30 минути од неговиот прв старт за Рома.
Дека атмосферата на Олимпико не е добра, се виде и при свирежите кога напаѓачот Артем Довбик беше изваден од игра, а имаше уште повеќе свирежи по крајот на мечот.
Шанса за поправен Рома ќе има во недела кога му гостува на Сасуоло во меч од Серија А.