Вучиќ: Очекувам Ц. Звезда и Партизан да играат на фајнл-фор во Евролигата!

Српскиот претседател, Алсександар Вучиќ, смета дека Црвена звезда и Партизан имаат квалитет да играат на фајнл-фор турнирот оваа сезона во Евролигата.

На гостување на „РТС“, Вучиќ меѓудругото зборуваше и за кошаркарските гиганти од Србија.

„Велат „Партизан добил наши пари, Звезда добила наши пари, тоа се се наши пари“. Навистина? Партизан и Звезда, кога ќе им израчунате колку им е низок данокот тука отколку во Шпанија и Грција, имаат буџети на ниво на првите пет екипи во Евролигата. Очекувам и едните и другите да влезат на фајнл-фор. Мислам дека имаат квалитет за тоа“, рече Вучиќ.

Во овој момент Црвена звезда е на четвртото место на табелата во Евролигата, Партизан е седми, но има и натпревар помалку.