
Драма во Белград: Макаби со тројка во последните секунди го расплака Реал (ВИДЕО)
„Кралевите“ имаа одличен почеток и водство од +10 (27-17) по првата четвртина, но потоа следеше блесок на Макаби и до полувреме го сврте мечот во своја корист (57-48).
Големата борба продолжи во второто полувреме, а Реал до целосен пресврт стигна во последните минути од дуелот (91-89), меѓутоа Тамир Блат со неверојатна тројка на четири секунди пред крајот ја обезбеди победата за Макаби (92-91).
Вокер со 27 поени, два скокови и четири асистенции беше најдобар кај Макаби, додека Хезоња постигна 24 поени, девет скокови и три асистенции за Реал Мадрид.
Видеото може да се погледне ТУКА.
Фото: Euroleague