Флик не се спаси од казна: Ла Лига ја одби жалбата на Барселона!

Германскиот стратег Ханси Флик доби еден меч суспензија поради црвениот картон кој го доби во финишот од мечот меѓу Барселона и Жирона.

Барселона веднаш се жалеше на одлуката, но дисциплинската комисија на Ла Лига ја одби жалбата и потврди дека Флик нема да биде на располагање за „Ел Класико“.

Каталонските медиуми пишуваат дека Барселона повторно ќе се жали затоа што во клубот веруваат дека Германецот не требало да биде исклучен, меѓутоа не се очекува Ла Лига да ја промени одлуката.

Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Барселона се игра в недела од 16.15 часот.