Евролигашите не сакаат да играат во Израел - не веруваат дека ќе биде безбедно!

Неколку евролигаши го кренаа својот глас против одлуката израелските тимови да играат на домашен терен по 1 декември, кога се очекува стабилизација на состојбата на Блискиот Исток.

Фенербахче и Анадолу Ефес испратија соопштенија до јавноста, а реагираше и тренерот на Валенсија, Педро Мартинез.

„Ми се допаѓа идејата Макаби и Хапоел да играат дома, но тоа што не ми се допаѓа е моменталната состојба. Кога ќе ги погледнете вестите, може да забележите дека ситуацијата нема да се нормализира во скоро време. Зошто не е безбедно да се игра на 25 ноември, а ќе биде на 1 декември?“, вели тренерот.

Валенсија треба да гостува во Израел на 18 декември, кога ќе се соочи против Макаби Тел Авив, но претходно мора Евролигата да понуди гаранции за безбедноста.

Фото: Valencia Basket Club