Медицинската сестра поднесе тужба: Вилдоса ме фати за врат, а Милица ме влечеше за коса

Аргентинскиот кошаркар Лука Вилдоса и неговата сопруга Милица Тасиќ повторно се во центар на внимание на италијанската јавност по скандалот кој го предизвикаа во Болоња, каде што нападнаа медицинска сестра.

Тие беа приведени од полицијата поради напад врз медицинска сестра, а локалните медиуми откриваат нови детали од истрагата која се води против нив.

Медицинската сестра ја раскажа нејзината приказна за тоа како била нападната од кошаркарот и неговата избраничка.

„Запревме во улицата Виа Калори зашто не знаевме на која страна да тргнеме. Тогаш црн Мерцедес почна да свири и се обиде да нè премине. Кога успеа, возачот ни покажа среден прст. На семафор повторно се сретнавме, а тој нагло запре. Се исплашив дека ќе направиме сообраќајка. Потоа од автомобилот излезе тој и жена му, која почна да ме влече за коса, додека Вилдоса ме фати за врат“, вели таа.

Во наредните денови се очекуваат повеќе детали од истражниот судија, а воедно медицинското лице кажа дека поднела тужба.