Струмица со пораз во три сета од Динамо Букурешт тргна во ЛШ

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица беше поразена од Динамо Букурешт со 0-3 во сетови, односно 18-25, 20-25, 19-25 во првиот меч од Лигата на шампиони (ЛШ).

Струмичани немаа решение од самиот старт за расположениот ривал во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, па првиот сет го загубија со 18-25.

Динамо Букурешт ја контролираше играта и во вториот сет, па предноста во еден момент достигна и осум голови разлика (17-9), по што го доби сетот со 25-20.

Струмица повторно бркаше негатива во текот на третиот сет, додека Динамо успешно го чуваше водството од три-четири гола за на крајот да слави со 25-19.

Реваншот меѓу Динамо Букурешт и Струмица се игра на 28 октомври од 18 часот.

Фото: VC Strumica