
Кога има пари, распоредот не е проблем – Синер и Алкараз ќе играат во Јужна Кореја!
Според информациите, Синер и Алкараз договориле меч во оваа земја кој ќе се случи на почетокот на јануари. Двајцата водечки тенисери настанот го најавија и на социјалните мрежи.
Станува збор за меч на кој главен спонзор ќе биде автомобилскиот гигант „Хјундаи“, а за цел ќе има да го промовира тенисот.
#Sincaraz Match in South Korea?
— Janniksin_Updates (@JannikSinner_Up) October 22, 2025
🦊x🇪🇸x🇰🇷 pic.twitter.com/JDWeOM9OvU
Иако нема официјални информации, јасно е дека двајцата тенисери добро ќе го наплатат овој свој меч кој ќе се случи пред почетокот на првиот грен-слем во сезоната, Австралија Опен.
Неофицијално, мечот ќе биде одигран на 10 јануари, тоа би било само осум ддена пред стартот на Австрралија Опен.