Елмас доби шанса од клупа, Наполи доживеа потоп против ПСВ

Италијанскиот шампион Наполи доживеа тежок пораз на гостувањето кај ПСВ (2-6) во третото коло од Лигата на шампиони (ЛШ).

Сè тргна добро за гостите од Неапол бидејќи Мектоминеј стрелаше за водство од 1-0 по половина час игра, но потоа ПСВ преку автоголот на Бонџорно и Саибари направи целосен пресврт.

Наполи не успеа да одговори, а набрзо пристигна казната со двата гола на Ман за водство од 4-1. Мектоминеј погоди за 2-4 во 86. минута и ја врати надежта за момент, но потоа ПСВ со уште два погодоци го понижи гостинот.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса од клупата за резерви дури во финишот од средбата, односно влезе во игра во 84. минута.

Фото: EPA