
Дончиќ отвори како Коби, ваков старт на играч на Лејкерс не е виден 18 години! (ВИДЕО)
Словенечкиот кошаркар постигна 43 поени, имаше шут од игра 17/27 и 7/10 од линијата за слободни фрлања. Имаше и 12 скокови и девет асистенции, му недостасуваше само едно додавање за трипл-дабл.
Тој стана првиот играч на Лејкерс од Коби Брајант во 2007година кој сезоната ја почнал со 40+ поени.
Но, оваа партија на Дончиќ не беше доволна за победа на Лејкерс, Голден стејт во третиот период направија разлика од 10 поени која ја оддржаа до крајот за триумф од 119-109.
Во составот на Голден стејт најефикасен беше Батлер со 31 поен, Кари уфрли 23.
Оклахома дури по две продолженија го совлада Хјустон со 125-124.
Гилџус Александер беше најдобар во составот на Оклахома со 35 поени, страшна партија за Хјустон имаше Шенгун кој реализираше 39 поени, имаше 11 скокови и седум асистенции.
Резултати:
Оклахома - Хјустон 125-124
ЛА Лејкерс - Голден стејт 109-119