Малку фалеше да падне рекорд, вчера беше вториот најефикасен ден во ЛШ!

Синоќа имаше дожд од голови во Лигата на шампионите, беа постигнати дури 43 погодоци на деветте натпревари кои се играа, но ова не беше најефикасниот ден.

Просекот на погодоци беше 4,8 голови по натпревар, што е фантастична бројка. Ова беше вториот најефикасен ден во Лигата на шампионите.

Интересно, најефикасниот ден бил исто така на 21 октомври, но во 2014 година. Тогаш биле постигнати 40 голови на осум натпревари што во просек е пет погодоци по натпревар.