
Вардар има куп задача, Новаци е пречката кон четвртфиналето
Веќе се одиграа шест натпревари од осминафиналната фаза на Купот на Македонија, остануваат уште два дуели, а едниот е денеска од 14 часот кога во тренинг центарот на ФФМ, „Петар Милошоевски“, Вардар ќе го пречека Новаци.
Црвено-црните не се домаќини на Градски бидејќи на нашиот најголем стадион Шкендија утре има натпревар од Конференциската лига.
Вардар е огромен фаворит против Новаци и се освен победа на домаќинот ќе биде сензација.
Поради настапот во Европа одложен е мечот меѓу Шкендија и Тиквеш кој ќе биде и последниот осминафинален дуел од Купот на Македонија.
Куп на Македонија осминафинале:
Вардар - Новаци
Шкеднија - Тиквеш
Македонија ЃП - Струга 0-5
Охрид - Шкупи 3-0
Шкендија Арачиново - Пелистер 1-0
Беласица - Детонит 0-1
Работнички - Брегалница 1-1 (4-3 пен)
Башкими - Силекс 1-2