
Во Олимпијакос се шокирани од судењето во Барселона - скандалозна одлука! (ВИДЕО)
Во 57. минута Хезе доби втор жолт картон во ситуација за која многумина велат дека повеќе е фаул од играчот на Барселона, отколку од фудбалерот на Олимпијакос кој беше исклучен. Дефинитивно не требаше да добие жолт картон.
Откако останаа со фудбалер помалку, Олимпијакос прими четири гола и загуби убедливо со 6-1.
„Црвениот картон не беше фер. Никогаш во животот не сум видел нешто такво“, вели играчот на Олимпијакос, Дани Гарсија.
„Игравме добро и бевме во мечот додека имавме 11 фудбалер. Потоа дојде црвениот картон кој не можеме да го разбереме“.
„Нашиот фудбалер ја имаше топката, не го допре противникот воопшто и не знаеме зошто беше исклучен. По тој црвен картон тимот доживеа колапс“.
ВАР не можеже да интервенира во оваа ситуација бидејќи се работи за втор жолт картон. При жолти картони не може да се користи видео технологијата.