
Лесно е со милиони: Модриќ задолжителното пеење го „откупил“ со – најнови Ајфони!
Уште со првите денови во новата средина покажа дека неговата големина не се мери само со играта на теренот. Според сведочењето на соиграчот Санти Хименез, Модриќ направил гест што ги воодушевил сите во соблекувалната на „росонерите“.
„Кога влеговме во соблекувалната, на секое место неочекувано имаше по еден нов Ајфон. Се испостави дека тоа бил подарок од Модриќ. Наместо да ја изведе вообичаената иницијација – песна пред тимот – тој реши на сите да им подари телефон. Никој не очекуваше вакво нешто“, изјави Хименез.
Модриќ во Реал Мадрид пристигна во 2012 година од Тотнем и за повеќе од една деценија остави длабока трага во историјата на „кралскиот клуб“. На неговото конто стојат 394 настапи, четири титули во Ла Лига, шест трофеи во Лигата на шампионите и престижната „Златна топка“ во 2018 година.