
Најдобрите македонски ракометари се враќаат во Куманово!
Овој дуел ќе биде во склоп на ЕХФ неделата, а ќе претставува прв тест во рамки на подготовките за Европското првенство (ЕП) што ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка во јануари 2026 година.
Средбата ќе почне од 16 часот и ќе биде отворена за јавноста. Од Федерацијата најавуваат дека дополнителни информации во врска со организацијата и техничките детали околу мечот ќе бидат објавени во наредниот период.