Спектакл во Лигата на шампионите: Јувентус гостува во Мадрид!

Вечерва на програмата се нови натпревари во рамките од третото коло во Лигата на шампионите, а во центарот на вниманието ќе биде големото дерби помеѓу Реал Мадрид и Јувентус кое се игра на „Сантијаго Бернабеу“.

Во многу подобра позиција по првите две кола се наоѓа екипата на Реал која запиша две победи, додека Јувентус двапати рамизираше и јасно е дека бодовите на „старата дама“ се повеќе потребни.

Натпреварот е реприза на финалето од Лигата на шампионите во 2017 година кога Реал Мадрид славеше со 4-1, а по тој дуел двата ривали се сретнаа уште шест пати. На четири натпревари славеше Реал, додека италијанскиот состав победи запишаа на два дуели.

Англискиот шампион, Ливверпул ќе гостува на германски Франкфурт, а пред овој натпревар се соочија со неочекувани проблеми бидејќи им беше одложен летот од Англија. Поради тоа екипата на Слот стигна неколку часа подоцна. Дали таквата ситуација ќе има влијание, ќе видиме вечерва од 21:00 часот.

Челси на свој терен ќе го пречека, Ајакс, додека Баерн исто така дома ќе сретне со Клуб Бриж.

Претходно во терминот од 18:45 часот на програмата се средбите, Атлетик Билбао - Карабах и Галатасарај - Бодо/Глимт.

18:45

Атлетик Билбао - Карабах

Галатасарај - Бодо Глимт

21:00

Аталанта - Славија Прага

Баерн - Клуб Бриж

Челси - Ајакс

Франкфурт - Ливерпул

Монако - Тотнем

Реал Мадрид - Јувентус

Спортинг - Марсеј