Mбапе е во страшна форма: Сам постигнал голови колку и цел тим на Јувентус!

Вечерва дербито во Лигата на шампионите се игра во Мадрид, а пред овој натпревар внимание привлекоа и постигнатите голови на тимот на Јувентус и Килијан Мбапе.

Имено, Французинот веќе има постигнато 15 голови оваа сезона во сите натпреварувања, а тоа е иста бројка како и целиот тим на Јувентус, па јасно е дека голгетерот и вечерва ќе биде голема закана за италијанскиот состав.

Мбапе до бројката од 15 голови дојде на 11 одиграни натпревари на кои беше стрелец во секој од нив. Но, исто така тој има постигнато и три гола за француската репрезентација, последен пат кога не се запиша во листата на стрелци кога во прашање се клубот и репррезентација, беше на 30 август против Мајорка.

На спротивната страна, Јувентус има скромен офанзивен учинок: девет гола во седум кола од Серија А и уште шест во два натпревари од Лигата на шампионите.

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, го пофали Мбапе на прес-конференцијата пред натпреварот, но посочи дека неговото влијание врз тимот оди многу подалеку од само бројот на постигнати голови.

Натпреварот вечерва се игра во терминот од 21:00 часот.

Фото: Real Madrid C.F/X