Кога има пари, распоредот не е проблем – Синер и Алкараз ќе играат во Јужна Кореја!

Во моменти кога најдобрите тенисери во светот се жалат на распоредот поради што Јааник Синер и го откажа настапот на Дејвис купот се појави нова егзибиција и тоа во Јужна Кореја.

Според информациите, Синер и Алкараз договориле меч во оваа земја кој ќе се случи на почетокот на јануари. Двајцата водечки тенисери настанот го најавија и на социјалните мрежи.

Станува збор за меч на кој главен спонзор ќе биде автомобилскиот гигант „Хјундаи“, а за цел ќе има да го промовира тенисот.

Иако нема официјални информации, јасно е дека двајцата тенисери добро ќе го наплатат овој свој меч кој ќе се случи пред почетокот на првиот грен-слем во сезоната, Австралија Опен.

Неофицијално, мечот ќе биде одигран на 10 јануари, тоа би било само осум ддена пред стартот на Австрралија Опен.