
Атлетик Билбао со пресврт го реши Карабах, Галатaсарај подобар од Бодо Глимт (ВИДЕО)
Карабах успеа да го шокира домаќинот во првата минута со голот на Леандро Андраде, но Атлетик се врати со погодокот на Гурузета во завршницата од првото полувреме.
Атлетик се мачеше во вториот дел да ја пробие одбраната на гостинот, а конечно му успеа тоа во 70. минута кога Наваро стрелаше за 2-1, а потоа Гурузета ја потврди победата (3-1) во 88. минута.
Галатасарај оствари важна победа против Бодо Глимт, а сè тргна по планот кога Осимен постигна два погодоци во првото полувреме, додека Акгун зголеми на 3-0 на почетокот на вториот дел. Гостите го постигнаа почесниот погодок во 75. минута преку Хелмерсен.
Фото: Athletic Club