
Тебас збесна по откажаниот меч меѓу Виљареал и Барселона во Мајами
По откажаниот натпревар реагираше и првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, кој јавно го искажа незадоволството поради одлуката.
„Шпанскиот фудбал ја загуби шансата да напредува, да ја подобри својата иднина. Вистинската традиција на европскиот фудбал е загрозена поради одлуките на одредени институции кои од година во година го уништуваат националниот шампионат. Ла Лига ќе продолжи да работи за шпанскиот фудбал да остане конкурентен“, кажа Тебас.
Мечот меѓу Виљареал и Барселона ќе се одигра во Шпанија, според новиот план.