
Пелистер победи во првиот европски меч во Битола!
Битолчани тргнаа лошо во натпреварот и Превидза постојано имаше предност која достигна плус седум (21-14). Пелистер заигра подобро во продолжение и израмни на 31-31, но потоа следеше нов пад во играта кој му дозволи на ривалот да се врати во водство (37-33). Сепак, битолчани со добра игра во продолжение направи пресврт пред паузата (41-40).
Пелистер беше одличен на стартот на вториот дел и со таква игра продолжи во последната четвртина кога поведе со +20 (81-61), но потоа следеше неверојатна серија од 18-0 на Превдиза со која ривалот на македонскиот клуб намали на два поени негатива (79-83).
Екипата од Битола се разбуди во самата завршница од дуелот, кога постигна важни поени за да обезбеди триумф од 90-83 и да избегне неуспех од Превидза.
Најефикасен во победничкиот состав беше Остин Прајс со 25 поени, четири скокови и две асистенции, додека Никола Малешевиќ постигна 18 поени, девет скокови и две асистенции.