
Новаци не беше закана, Вардар лесно до четвртфинале во купот
Доминираа „црвено-црните“ во најголем дел од средбата, па така и заслужено се пласираа во четвтфиналето. Резулттот беше отворен во деветтата минута кога Енис Спахиу искористи едно уфрлување во шеснаесетникот и ја затресе мрежата.
Десет минути подоцна повторно по една висока топка Вардар постигна нов гол, сега стрелаше Омерагиќ. Новаци единствениот гол на средбата го постигна во финишот од првиот дел кога Стефан Јовановски реаалзираше пенал.
Конечните 3-1 беа поставени на десетина минути пред крајот на средбата кога во листата на стрелци се запиша Ворен.
Со овој триумф Вардар им се придружи на: Силекс, Работнички, Детонит, Шкендија Арачиново, Охрид и Струга. Во последниот осминафинален дуел кој се игра идниот месец ќе се сретнат Шкендија и Тиквеш.