РФМ прва од сите ќе ги прогласи најдобрите за 2025 година!

Ракометната федерација на Македонија прва во земјава ќе ги прогласи најдобрите за годината која изминува, а тоа ќе го направи на вистински спектакл кој ќе биде одржан во еден од скопските хотели.

Настанот е закажан за 1 ноември (сабота) и во него ќе се истакнат најдобрите од ракометната сцена. На настанот покрај спортскиот дел, планирана е и музичка програма за забава на сите присутни.

Најавено е присуство и на гости од од јавниот живот, исто така и изненадувања. Ќе потсетиме изминатата сезона која имаше драматична завршница титулата ја освои тимот на Пелистер, а клучната победа ја оствари во финишот од сезоната против Вардар во Скопје.

Терминот за почетокот на спектаклот е 20:00 часот.