
Медицинската сестра поднесе тужба: Вилдоса ме фати за врат, а Милица ме влечеше за коса
Тие беа приведени од полицијата поради напад врз медицинска сестра, а локалните медиуми откриваат нови детали од истрагата која се води против нив.
Медицинската сестра ја раскажа нејзината приказна за тоа како била нападната од кошаркарот и неговата избраничка.
„Запревме во улицата Виа Калори зашто не знаевме на која страна да тргнеме. Тогаш црн Мерцедес почна да свири и се обиде да нè премине. Кога успеа, возачот ни покажа среден прст. На семафор повторно се сретнавме, а тој нагло запре. Се исплашив дека ќе направиме сообраќајка. Потоа од автомобилот излезе тој и жена му, која почна да ме влече за коса, додека Вилдоса ме фати за врат“, вели таа.
Во наредните денови се очекуваат повеќе детали од истражниот судија, а воедно медицинското лице кажа дека поднела тужба.