
Ѓорческа тргна фуриозно, но не издржа: Болосова ја запре во осминафиналето
Фуриозно го започна мечот најдобрата македонска тенисерка и противничката од Шпанија која 241. на ВТА листата успеа да освои само еден гем.
Вториот сет донесе далеку повеќе борба и неизвесност. Бословаа тргна подобра и прва направи брејк во четвтот гем за 3-1, но македонската претставничка не се предаде и возврати во деветтиот кога намали на 5-4. Така сетот отиде во тај-брејк каде што противничката од Шпанија сепак, беше подобра со 7-2 со што дојде до израмнување.
Во последниот, одлучувачки сет, Ѓорческа како да снема сили, па Болосова брзо ја заврши работата и возврати со 6-1 за конечна победа.
Фото: Lina Gjorceska/Instagram