Навивачите на Мјалби со трактори ја славеа историската титула (ВИДЕО)

Фудбалерите на Мјалби сензационално ја освои титулата во Шведска за првпат во својата историја, а веднаш по натпреварот со Гетеборг во кој ја потврдија сензацијата следуваше големо славје.

Мјалби е клуб од Халевик место во кое живеат само околу 1.485 луѓе и на социјалните мрежи се појавија снимки како навивачите на клубот го прославуваа овој историски момент.

Како што може да се види дел од навивачите со трактори возеа пред клупскиот автобус во кој беа фудбалерите.

Ќе потсетиме, Мјалби со шампионската титула си обезбеди и квалификации за Лигата на шампионите.