Ливерпул потроши богатство на нови засилување, но во јануари пак ќе купува за многу пари!

Актуелниот англиски шампион, Ливерпул изминатото лето потроши многу за да донесе нови засилувања, но не планира да престане, за во јануари имаат нова цел.

И покрај огромните суми кои ги платија за играчи како Исак, Вирц, Екитике, Фримпонг, Керкез... на Ливерпул не му оди, тимот на Слот врза четири порази по ред.

Гласините во Англија велат дека во јануари тие ќе се обидат да ја купат ѕвездата на Борнмут, Антони Семењо.

Семењо игра во неверојатна форма од почетокот на сезоната и е еден од најдобрите играчи во Премиер лигата.

Ливерпул смета дека тој би бил перфектен наследник на Салах на долг рок.

Реализацијата на овој трансфер е реална бидејќи Семењо има откупна клаузула во новиот договор со Борнмут која изнесува 75 милиони фунти.

Тотнем и Манчестер Јунајтед исто така се интересираат за овој фудбалер.