
Модриќ во Милан не испочитувал една традиција, па на сите им купил - нов Ајфон!
Хрватскиот фудбалер одбил да пее. Традиција во Милан, но и во најголемиот дел од клубовите е новото засилување кога ќе пристигне да испее една песна пред останатите соиграчи.
Модриќ ја прекршил таквата традиција со тоа што одбил да пее, но за да се искупи, им ветил на сите соиграчи по еден нов Ајфон. Тоа и го направил, сите добиле нови телефони од Хрватот.
„Секој играч на Милан има нов Ајфон. Модриќ на сите им подари. Вообичаено новите играчи мора да пеат, тоа е обичај. Мора тоа да го направиш пред сите и така да го почнеш новиот предизвик. Но, Модриќ одлучи да не пее, туку за возврат сакаше да им подари телефон на сите“, откри Хименез.