Брентфорд ја продолжи агонијата на Вест хем (ВИДЕО)

Фудбалерите на Брентфорд триумфираа со 2-0 против Вест хем на гостински терен во осмото коло од Премиер лигата.

Игор Тиаго во финишот од првото полувреме го матира Ареола за водство од 1-0, а потоа погоди уште еднаш во судиското надополнување, межутоа ВАР-технологијата му го поништи голот поради офсајд.

„Чеканите“ направија неколку промени на стартот на вториот дел со надеж дека брзо ќе постигнат гол и ќе се вратат во игра за победата, меѓутоа немаа муниција и казната стигна во 95. минута кога Јенсен стрелаше за 2-0.

Вест хем по осум одиграни кола се наоѓа на претпоследната позиција со четири бодови, додека Брентфорд скокна до 13. место и има 10 поени.