
Ѓорческа ја елиминира четвртата носителка од Италија за осминафинале во Роверето
Почетокот на натпреварот беше израмнет, а Ѓорческа до брејк стигна во шестиот гем и поведе со 4-2, меѓутоа Италијанката возврати на идентичен начин и потоа израмни на 4-4. Големата борба продолжи и во следните гемови, но македонската тенисерка повторно ѝ го одзема сервисот на противничката за триумф од 6-4.
Ѓорческа доминираше во вториот сет и ги искористи грешките на Бранкачо за да поведе со 5-1, меѓутоа нејзината противничка успеа да се соземе и да ги освои следните два гема, меѓутоа немаше сила за пресврт.
Следна противничка на Ѓорческа ќе ѝ биде Алиона Задоинов Болсова од Шпанија.