
Црвена звезда пред историски трансфер - млад талент заминува за рекордна сума!
Ц. Звезда во изминатите години направи неколку врвни трансфери, додека минатото лето успеа да постави нов трансфер рекорд од заработени 14,5 милиони евра со продажбата на Вељко Милосављевиќ.
Рекордот на Милосављевиќ наскоро треба да биде урнат затоа што голем број скаути покажале интерес за 17-годишниот Костов и наскоро се очекува да испратат понуди од најмалку 20 милиони евра.
Меѓу најсериозните кандидати кои го сакаат потписот на талентираното момче се Борусија Дортмунд, Манчестер сити и Барселона.
Костов оваа сезона настапи на 12 натпревари за српскиот гигант, а притоа постигна четири голови и пет асистенции.
Фото: EPA