Диего Форлан заигра фудбал на 46 години - заврши во болница со три скршени ребра! (ВИДЕО)

Поранешниот уругвајски голгетер, Диего Форлан во последниот период е активен на тениските терени, но и понатаму знае аматерски да заигра фубал.

Сега тој се појави на еден ревијален натпревар кој за него не заврши добро. Денес 46-годишниот поранешен напаѓач влегол во судир со еден противнички играч по кој заработил сериозни повреди.

Како што пренесуваат медумите, Форлан по дуелот завршил со три скршени ребра, а кратко се соочил и со колапс на белите дробови. Веднаш бил пренесен во болница каде што состојбата брзо му се стабилизирала.