Досега невидено: Борец играше шах, па го нокаутираше противникот (ВИДЕО)

Борбите во БКФЦ (бокс без ракавици) секогаш бараат голема концентрација бидејќи една грешка може да доведе до удар со кој борбата би се завршила, сепак она што го направи борецот, Брајс Анри досега не е видено.

Овој 24-годишник изминатата вечер со нокаут победи против Родерик Стиварт во средна категорија и така ја продолжи серијата без пораз, меѓутоа најмногу внимание привлече со начинот на кој ја одржуваше концентрацијата меѓу борбите.

Имено, Анри со еден од членовите на својот тим играше шах, а овој негов потег стана вирален на социјалните мрежи.