Бецеки во Австралија удри галеб: Тоа можеше да биде масакр! (ВИДЕО)

Возачот на Априлија, Марко Бецеки беше победник на денешната спринт трка во Големата награда на Австралија, но трката беше обележана и со еден инцидент.

Во текот на кругот за загревање на патеката се појави јато галеби, а еден од нив заврши токму во Бецеки. Малку фалееше во тој момент, Италијанецот да изгуби контрола над моторот, меѓутоа за среќа успеа да продолжи.

„Жал ми е за галебот и жал ми е што не’ исплаши. За среќа не го оштети моторот, не беше само еден, беа повеќе и тоа можеше да биде масакр“, изјви Бецеки по трката.