Навивач направи глупост, судија прекина натпревар во 88. минута (ВИДЕО)

Во Белгија вчера беше прекинат натпреварот помеѓу Стандард и Антверп и тоа во 88. минута при водство на домаќините од 1-0.

Причината за прекинот е навистина бизарна, главниот судија бил погоден со празна чаша од трибините. Бидејќи и претходно во текот на средбата имало слична ситуација арбитрот одлучил дуелот да не продолжи.

Според најавите истиот сега ќе биде доигран во понеделник или вторник, а фудбалерите по враќањето ќе поминат само неколку минути на теренот.

Домашниот клуб во меѓувреме објави декаа ќе отвори истрага со цел да го најде виновникот и против него ќе биде поднесена кривична пријава.