Протест во Ла Лига: Судијата означи почеток, фудбалерите не играа

Во рамките од деветтото коло во Ла Лига вчера беше одигран натпреврот помеѓу Реал Овиедо и Еспањол во кој гостите славеа со 0-2, но во овој натпревар видовме и една необична сцена.

Имено, фудбалерите на двете екипи покажаа незадоволство така што не играа во првите 15-20 секунди по првиот судискисвиреж. Причина за незадоволството е одлуката на Ла Лига натпреварот помеѓу Виљареал и Барселона да се игра во САД место во Шпанија.

Според најавите од Шпанија ваквиот вид на протест ќе биде вклучен во сите натпревари од ова коло.

Од УЕФА претходно јасно истакнаа дека не ја поддржуваатт идејата, но и потенцираа дека не можат во тој дел ништо да направат за да се спротистават на националниот сојуз, а исто така малку е веројатно да се вмеша и ФИФА.

Интересно е што режисерот на натпреварот ги игнорираше, па нивиот протест не беше прикажан во ТВ преносот.

Ќе потсетиме, во надвор од својата земја ќе играат и Милан и Комо, тој натпревар од Серија А ќе биде одигран во Перт, Австралија.