Охриѓанецот Осман и „Македонецот“ Шортс го израдуваа Панатинаикос во Истанбул

Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс заедно со Панатинаикос остварија голема победа на гостувањето кај Анадолу Ефес со 95-81.

Првото полувреме беше неизвесно, а на паузата со еден поен предност замина Панатинаикос (43-42).

Сепак, турскиот гигант имаше големи проблеми затоа што двајца кошаркари се повредија и тоа го искористи грчкиот гигант до крајот на средбата.

Најефикасен во победничкиот тим беше Охриѓанецот Џеди Осман со 25 поени и пет скокови, додека Шортс беше скромен со седум поени, еден скок и три асистенции.

Останати резултати:

Анадолу Ефес – Панатинаикос 81-95
Монако – Валенсија 90-84
Асвел – Виртус Болоња 83-90

Фото: EPA