Флик се изнервира по прашање за Јамал: Извинете, но тоа е с*ање!

Германскиот тренер Ханси Флик беше нервозен на денешната прес-конференција кога му поставија прашање за наводниот хаос кој се случувал околу шпанскиот репрезентативец Ламин Јамал.

Дел од медиумите објавија дека атмосферата во соблекувалната на Барселона била нарушена затоа што Флик не бил задоволен од однесувањето на Јамал, кој почнал да доцни и на тренинзи.

Потоа се појави приказна дури и дека директорот Деко го молел Флик да не го казни Јамал, а на тие шпекулации одговори Германецот.

„Прво би ве прашал од каде ви е информацијата? Извинете за мојот речник, но тоа е с*ање. Кој го објавил тоа - лаже. Тоа никогаш не се случило. Со сите имам одличен однос во тимот“, кажа Флик.